Грците ги отвораат хотелите во јули?

Хотелиерите нудат различни шеми за активирање на сезоната, но нема конкретна одлука од Владата.

18

Хотелите во Грција треба да се отворат во јули, со цел да спасат дел од туристичката сезона, предлага владата на нашиот јужен сосед, каде што од секторот се обезбедуваат 20 проценти од бруто-домашниот производ.

Се уште постои неизвесност околу пристигнувањето на туристите од странство. Грција ова лето очекува заедничка европска стратегија за туризам, рече министерот за економија Харис Теохарис.

Хотелиерите нудат различни шеми за активирање на сезоната, но нема конкретна одлука од Владата.
Портпаролот на Министерството за здравство, Сотирис Циодрас одговори на брифингот дека „премногу е рано да се коментира движењето на туристите од една во друга земја“. Хотелите, базените, рестораните и туристичките автобуси ќе имаат нови правила што сè уште не се прецизирани.

Хотелиерите во Грција чекаат дали со новата програма ќе се одлучи дали воопшто ќе се отворат туристички места.

Засега, сезоната се очекува да биде јули до октомври, веруваат повеќето. Се очекува да се стимулира внатрешниот туризам, како и привлекување туристи од соседните балкански земји.

Туристичкиот сектор очекува специфичност во однос на здравствените услови за сместувањето на туристите.