Грција влегува во нов бран од корона-пандемијата, Мицотакис свика итен состанок

14

Атина веројатно повторно ќе влезе во строг карантин. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис свика вонреден состанок за да ја процени епидемиолошката состојба во таа земја, информираат грчките медиуми.

„Мојата препорака до комисијата е да се оди на строго затворање, веројатно како минатиот март“, рече министерот за здравство на Грција, Василис Кикилиас, потенцирајќи дека оваа мерка е особено важна во областа Атика.

Кикилас рече дека анализите што ги добиваат од надлежните комисии и епидемиолозите се загрижувачки и оти покажуваат дека Грција влегува во третиот бран на пандемија на коронавирус .

Помеѓу 24 и 30 јануари во Грција биле регистрирани 6.676 нови случаи, од кои 435 биле деца на возраст под девет години.

Мицотакис закажа средба со министерот за здравство, заменик-министерот за цивилна заштита, епидемиологот кој е шеф на надлежната комисија и претседател на Националната организација за јавно здравје, со цел да се процени епидемиолошката состојба во таа земја.

Инаку, Грција е во карантин од 7 ноември минатата година, а шест дена подоцна беше воведен полициски час.