Грција во пламен! Меѓу петок и сабота има активни 62 шумски пожари

11

Во гаснењето на пожарите, кое започна во средата, учествувале 1.115 пожарникари со 426 камиони, 24 планински екипи за спасување и доброволци, со локална поддршка.

Во периодот меѓу петок и сабота вечер во Грција се потврдени 62 шумски пожари, соопштија надлежните власти.

Во гаснењето на пожарите, кое започна во средата, учествувале 1.115 пожарникари со 426 камиони, 24 планински екипи за спасување и доброволци, со локална поддршка.

Пожарите сè уште горат во некои делови од округот Коринт, каде до синоќа интервенираа 402 припадници на противпожарната служба со 82 камиони и 15 планински екипи за спасување.

Два пожари во западниот дел на Пелопонез полека се ставаат под контрола, а напорите за нивно гаснење продолжуваат.

Во тек е истрага за причините за пожарите.