Грција згрозена: Пилот ја уби сопругата и го обеси семејното куче

16

Грчкиот пилот Бабис Анагностопулос (33) денеска се појави пред судот во Атина, поради обвинението за убиството на неговата сопруга, кое тој го призна. Тој повеќе од месец дена тврдел дека неговата жена е убиена при грабеж во нивната куќа. Пилотот и инструктор, денеска пристигна во атинскиот суд под силен полициски надзор, пренесува АП.

Тој е обвинет за убиство со умисла врз сопругата Каролина Крауч (20), британска државјанка која загина како последица од гушење на 11 Мај во нејзиниот дом во Атина.

Анагностопулос во текот на истрагата и зборуваше на полицијата како во нивниот дом влегле крадци кои нему му оневозможиле да ја одбрани неговата сопруга, која потоа ја убиле, додека нивната ќерка спиела. Тој тврдел дека крадците го усмртиле и нивното куче, по што тие избегале, крадејќи им пари од домот.

Меѓутоа, потврдено е дека тој бил човекот кој ја загушил неговата жена, бидејќи таа му соопштила дека ќе се разведе од него, по што тој го измислил целото сценарио околу смртта. Тој толку многу се внесол во лажното сценарио што го убил и сопственото куче, мислејќи дека неговата приказна ќе биде поверодостојна.