Грција обезбедила 26 милиони дози вакцина против коронавирусот

18

Грција има обезбедено 26 милиони и 90 илјади дози вакцина против коронавирусот, односно можност за вакцинација на над 15 милиони граѓани, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус. Тој објасни дека поголемиот број вакцини во однос на бројот на населението е дел од европската политика.

Во однос на вакцината на Фајзер, Темистоклеус соопшти дека до крајот на март земјата ќе добие 1.348.425 дози до крајот на март. На овие дози, постои можност да се додадат уште 1.180.930 дози од дополнителниот договор на Фајзер со Европската унија, објасни тој.