Грција решена да ги заштити своите граници

28

Грција е решена да ги заштити своите граници, откако мигрантите се обиделе да преминат во земјата од Турција, соопштија грчките власти.

„Владата ќе стори сè што е потребно за да ги заштити своите граници“, рече владиниот портпарол Стелиос Пецас пред новинарите. Во изминатите 24 часа, рече тој, грчките власти спречиле обиди на 4.000 луѓе да преминат во земјата.

По најавите од турска страна дека ќе ги отвори границите за бегалците и мигрантите да стигнат до Европа, грчките медиуми објавија дека луѓето со автобуси биле носени кон копнената граница на Турција и Грција, а насобрани бегалци и мигранти имало и на турското крајбрежје, подготвени да се качат на бродови и чамци за да стигнат на некој од грчките острови.

Грција и Бугарија со засилени контроли на границите кон Турција
Претходно грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис свика вонреден состанок поради ситуацијата со мигрантите и бегалците од Турција

На состанокот учествуваа министерот за надворешни работи, министрите и замениците министри за цивилна заштита и за одбрана, началникот на Генералштабот на грчката армија и претставници од крајбрежната служба.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера преку „Твитер“ порача дека земјата нема да толерира никакви нелегални влегувања.