Грчева: МАНУ го одби барањето на Владата да го промени името

15

Претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева, објави дека Македонската академија на науките и уметностите, го одбила барањето на Владата Според Грчева, академикот Абдулменаф Беџети бил единствениот кој се изјаснил позитивно.
„МАНУ успеа да си го задржи името. Го одбија дописот од Владата за итна промена во нешто перверзно како Национална Академија на ….Северна Македонија. Против, само акад. Беџети. После натегања, Владата мораше да попушти. Браво за Македонската академија!! Камо вака сите инситуции да не попуштаа“, напиша Грчева на Фејсбук.
Последен пат се шпекулираше дека МАНУ ќе го промени името во 2019 во духот на Преспанскиот договор, но академијата го задржа старото.