Грчкиот туризам ќе загуби 10 милијарди евра што е пет пати повеќе од 2008 година

Во исто време, се очекува грчките хотелиери да претрпат штета од 4,46 милијарди евра - 3,26 милијарди кај сезонските и околу 1,2 милијарди кај хотелите кои работат во текот на целата година.

17

Компанијата „Ернст и Јанг“ (ЕЈ) проценува дека загубата на грчкиот туристички сектор во 2020 година поради пандемијата ќе изнесува околу 10 милијарди евра.

Во исто време, се очекува грчките хотелиери да претрпат штета од 4,46 милијарди евра – 3,26 милијарди кај сезонските и околу 1,2 милијарди кај хотелите кои работат во текот на целата година.

Врз основа на податоците од Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC), аналитичарите на „EЈ“ заклучија дека последиците од пандемијата на коронавирусот ќе бидат пет пати полоши отколку во 2008 година во екот на кризата.

Според нивната студија, вредноста на туристичките добра и услуги ќе падне од 22 милијарди евра во 2019 година на 14 милијарди според основното сценарио, или 12 милијарди под сценарио со најлоши случаи, или 16 милијарди под сценарио за најдобри случаи.

Во извештајот се додава дека според сите три сценарија најголем пад се очекува во второто тримесечје од годинава и дека ќе изнесува 41 до 53 проценти.

Според аналитичарите на „EИ“, евентуалното продолжување на туристичката сезона нема да ги компензира загубите, но доброто регулирање на епидемиолошката состојба во Грција во претходниот период би можело да и даде одредена предност на туристичкиот пазар во иднина.