Грчки криумчари сакале да продадат статуа на божица за 40.000 евра

4

Солунската полиција уапси двајца мажи од Грција и уште еден 35-годишен човек кој на својата фарма пронашол статуа и им ја дал. Уапсените, според наводите, се обиделе да продадат ретка статуа на античката божица Хеката за 40. 000 евра, соопшти грчката полиција.

Полицијата добила дојава дека статуата е пронајдена, па прикриен полицаец се претставил како купувач. По еден месец преговори, во петокот, продавачите биле уапсени кога отишле да се сретнат со наводниот купувач, се вели во соопштението, додавајќи дека таквите статуи се „исклучително ретки“.

Мермерната статуета, тешка 10 килограми и висока 33 сантиметри, датира од вториот или третиот век од нашата ера, кога Грција и Македонија биле дел од Римската Империја.