Грчки свештеник брка верници од црква оти не носат маски, тие му се противат и го снимаат (ВИДЕО)

35

Грчки православен свештеник избркал неколку верници поради тоа што не носеле заштитни маски во црквата, а сето тоа било снимено и објавено на социјалните мрежи.

Младиот свештеник во Каламата, на југот на Пелопонез, го прекинал пеењето за време на божикната литургија и почнал да ги брка оние верници кои одбиле да стават маска во црквата.

– Нема да се расправаме, вие без маски излезете надвор. Почитувајте ги своите ближни и законот – рекол свештеникот.

Интересно е тоа што еден од револтираните верници, повикувајќи се на Светото писмо, продолжил да се расправа со свештеникот, но младиот поп му одговорил: „Јас го познавам божјиот збор подобро од тебе. Биди противник на мерките дома, ама тука не“.

– Тука ќе бидете послушни и ќе почитувате! Јас командувам овде, а вие командувате во вашата куќа и ве молам, излезете, и ако не го сторите тоа, ќе повикам полиција да ве изнесе – рекол свештеникот и ја завршил дискусијата.

Во продолжение, погледнете го видеото: