Гувернерот на Њу Џерси: Националната гарда излегува на улиците

22

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, ги повика граѓаните да останат дома по 8 часот наутро, потпиша извршна наредба со која се ограничува работењето на одредени претпријатија и ги мобилизира членовите на Националната гарда да помогнат во спроведувањето на мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Силно се обесхрабруваат сите движења што се непотребни и не се итни, почнувајќи вечерва од 20 часот до 5 часот наутро секој ден. Ова ќе остане на сила во догледна иднина. Ние сакаме сите да бидат дома, а не надвор“, рече Марфи.

Тој истакна дека тоа не значи експлицитно воведување полициски час, пренесува „Си-ен-ен“.

Тој потпиша извршна наредба со која се предвидува прекинување на работата после 20 часот на сите малопродажни, рекреативни и забавни претпријатија.