Гугл тајно собира лични здравствени податоци од милиони Американци

10

Американската компанија Гугл, навидум без дозвола, собира подробни лични здравствени податоци на милиони граѓани на САД. Главен извор, во таа смисла, е „Асеншн“ – вториот најголем здравствен систем во земјата, објави „Волстрит журнал“.

Според написите, моќната компанија за тоа не ги известува граѓаните, односно пациентите, а нити нивните лекари. Гугл, наводно, овој проект го нарекол „Најтингејл” и целта е создавање нов софтвер на вештачка интелигенција, што ќе служи за идните софистицирани апликации за следење на здравјето и општата состојба на човекот.

А, информациите се околу лабораториски резултати, дијагнози и дневници на хоспитализација, како и медицински истории на поединци, сосе имињата и датумите на раѓања.

Иако ова на прв поглед се чини како нарушување приватноста, американскто законодавство дозволува болниците да споделуваат податоци за пациентите, под услов причината и целта да се поголема ефикасност на здравствените услуги. Гугл ги користи тие поволности.