Гутереш: Светот го зафати ветер на лудило

5

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека ветер го зафати светот посочувајќи на ескалацијата на конфликтите од Либија и Јемен до Сирија и други жаришта.

„Сите ситуации се разликуваат, но има чувство на зголемена нестабилност и засилени тензии, што прави сè да изгледа понепредвидливо и неконтролирано, со зголемен ризик да се направат погрешни процени“, рече Гутереш на прес-конференција.

Тој изрази разочарување што правно обврзувачките резолуции на Советот за безбедност почнаа да се кршат пред да се исуши мастилото.

Гутереш ја издвои Либија и ги нарече сегашните офанзиви во земјата скандал затоа што тие беа поведени веднаш кога светските мировници и другите земји во Берлин на 19 јануари повикаа на почитување на ембаргото на ООН за увоз на оружје и за прекин на мешањето од странство.

Тој исто така изрази огромна загриженост за ескалацијата на нападите во сириската провинција Идлиб, последната што ја контролираат бунтовниците, и истакна дека ООН особено се загрижени за фактот дека сириската и турската армија сега се бомбардираат едни со други.

„Мора да запре пред ескалацијата на конфликтот да создаде состојба што ќе биде целосно надвор од контрола“, рече Гутереш. Тој рече дека в година ќе стори сè за да стави крај на суровиот круг страдања и конфликти и да ја охрабри мировната дипломатија.