Давид Ј. Костеланчик ќе биде новиот американски амбасадор во Албанија

6

 

Американскиот претседател Џо Бајден го номинира дипломатот од кариера Дејвид Џ. Костеланчик за амбасадор на Соединетите американски држави во Албанија, кој служеше во американската амбасада во Албанија во раните 90-ти, во политичката канцеларија и добро го владее албанскиот јазик, јави АБЦ њуз, повикувајќи се „Гласот на Америка“.

Моментно работи како советник за надворешна политика на началникот на Генералштабот на САД, генерал Марк Мили. Претходно бил заменик-шеф на мисијата и две години вршител на должност во амбасадата на САД во Будимпешта, Унгарија.

Тој, исто така, бил директор на Канцеларијата за прашања на Јужна Централна Европа и директор на Канцеларијата за руски прашања во Бирото за европски и евроазиски прашања, како и директор на Канцеларијата за Европа и Азија во Меѓународното биро за наркотици и спроведување на законот. Двапати бил дел од американската амбасада во Москва а служел и во мисиите на САД во ОБСЕ и НАТО, како и во Анкара, Турција.

Дипломатот Костеланчик, по потекло од државата Илиноис, дипломирал на Универзитетот Нортвестерн во оваа држава. Тој, исто така, има две магистерски дипломи од Националниот воен колеџ и Универзитетот во Мичиген. Зборува руски, унгарски, албански и турски јазик.

Доколку неговата кандидатура биде одобрена од Сенатот, дипломатот Костеланчик ќе ја замени досегашната амбасадорка, Јуриј Ким, чиј мандат завршува овој месец.