Далас без Дончиќ и Порзингис победи во Шарлот (ВИДЕО)

18

Далас Маверикс оствари гостинска победа и без своите две најголеми ѕвезди Дончиќ и Позингис, тие триумфираа со 116:100 над Шарлот Хорнетс.

Дончиќ и Позингис поради повреди не беа во составот на Далас, но тоа не им пречеше на Маверикс да дојдат до гостински триумф кај Шарлот Хорнетс.

Во нивно отсуство се истакна Сет Кари кој беше најефикасен во составот на Далас со 26 поени. Исто толку кај Шарлот реализираше Грем.

Резултати:

Орландо – Милвоки 95:111
Шарлот – Далас 100:116
Детриот – Њујорк 92:95
Индијана – Њу Орлеанс 117:124
Торонто – Бруклин 119:118
Минесота – ЛА Клиперс 142:115
Голден стејт – ЛА Лејкерс 120:125
Феникс – Денвер 108:117
Сакраменто – Сан Антонио 122:102