Далас конечно ја прекина серијата порази, дабл-дабл учинок за Дончиќ (ВИДЕО)

8

По шест порази по ред, Далас конечно победи откако со 122-116 триумфираше на гостувањето кај Атланта, Лука Дончиќ беше најдобар во својот тим.

Далас конечно дојде до триумф и тоа гостински, кај Атланта, Дончиќ и Порзингис беа клучните кошаркари за оваа победа, и двајцата имаа дабл-дабл учиноци.

Лука Дончиќ мечот го заврши со 27 поени и 14 асистенции, а Порзингис постигна 24 поени, имаше и 11 скокови. Најефикасен на теренот беше играчот на Атланта, Колинс со 35 поени, имаше и 12 скокови.

Резултати:

Шарлот – Филаделфија 111:118
Милвоки – Индијана 130:110
Алтанта – Далас 116:122
Чикаго – Њујорк 103:107
Кливленд – ЛА Клиперс 99:121
Мајами – Вашингтон 100:103
Оклахома – Хјустон 104:87
Сан Антонио – Минесота 111:108
Њу Орлеанс – Феникс 123:101
Сакраменто – Бостон 116:111