Дали голот на Пандев требаше да биде регуларен против Наполи?

4

Во неделата Наполи како гостин триумфираше над Џенова со резултат 1:2 во рамките од италијанската фудбалска Серија А.

Тоа беше дуел меѓу Горан Пандев кај домаќините и актуелниот македонски репрезентативец Елиф Елмас во дресот на „наполитанците“.

Пандев го одигра целото второ полувреме, а при негатива од 0:1 нашиот напаѓач успеа да постигне гол за израмнување, но после ВАР снимката главниот судија погодокот го поништи поради прекршок.

Голот е поништен поради фаулот на Брукс врз голманот на гостинската екипа, Мерет, по што започнаа и сомневањата дали навистина чуварот на мрежата бил фаулиран.

– Не сакам да коментирам за туѓи грешки, четири-пет играчи се смееја на судиската одлука, тие сметаа дека голот треба да важи – вели тренерот на Наполи, Давиде Балардини, за сомнителната ситуација.