Дали маските направени дома не штитат од коронавирус?

14

Пандемијата на вирусот Ковид-19 се шири во САД, а со неа пристигна и недостатокот на маски Н95. Се работи за маски кои неодамна се користени за заштита од штетни честички на смог, прашина итн.

Залихите на заштитни средства во САД полека ги снемува, па многу граѓани се приморани сами да се снаоѓаат, пишува USA Today.

Милиони Американци шијат заштитни маски од рециклирани ткаенини и други материјали. Експертите велат дека овие алтернативни методи не се доволно ефикасни, но можат да спречат ширење на поединечни микроби.

„Единствена маска која Центарот за контрола и превенција на болести на САД ја признава како ефикасно заштитно средство е маската Н95. Сите други направени во домашни услови може да служат како заштита од допирање на лицето. Во текот на кашлање или кивање вирусот поминува дистанца од околу шест метри. Ако сте здрави, маската не е од посебно значење за спречување на болести. Сите кои чувствуваат симптоми, би требало да останат дома“, вели помошникот на Националната гарда на Њујорк, Мајкл Дојл.

Центарот за контрола и превенција од болести на САД советува дека најдобрата превенција за заштита е спречување на изложеност на вирусот. Тоа пред се се однесува на директни контакти меѓу луѓе и социјална дистанца. Исто така, би требало да избегнувате допирање на носот, устата и очите, а една од најзначајните мерки на превенција е токму миењето на раце со топла вода и сапун најмалку 20 секунди.