Даниела Рангелова е ослободена од обвинението за “Шамарите во Центар”

13

Непосредно пред завршниот збор за судењето, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението за тројца обвинети во предметот.

Тогашната советничка, Даниела Рангелова, Борче Богдановски и Милан Андоновски се ослободени од обвинението.

Обвинети во предметот остануваат Никола Груевски, Миле Јанакиески, Александар Трајковски и уште неколкумина кои одговараат за насилство.

На денешното судење, завршен збор ќе има обвинителството а потоа и обвинетите и нивните адвокати.