ДАНИЛОВСКИ ЗА ТВ 24: ДОАЃА НОВА МУТАЦИЈАТА НА КОВИД-19 „ОМИКРОН“

4

Епидемиологот Драган Даниловски во Студио 10 истакна дека новиот сој омикрон се појавил во Африка со атипични лесни симптоми кај помладите луѓе и не бил со типичните симптоми за Ковид-19. Било константирано дека се работи за нов сој.

– За полесно изразување СЗО го нарече омикрон. Општата несреќа секогаш ќе има групации и поединци кои ќе се обидат да профитираат, особено гледаме колкави профити прават вакцините. Дека некои однапред ги создава вирусите и ги пушта во одредено време, ми звучи наивно. Вирусите се создадени да преживуваат и тоа го прават со одредени мутации. Македонија треба да го следи примерот на Израел. Оваа земја ги стопираше воздушните линии и наложи карантин за своите државјани кои ќе влезат во Израел, а во следните две недели нема воопшто да пушта странци. – вели Даниловски.