„Дан“: Мандиќ најверојатно ќе биде кандидат на Демократскиот фронт за претседател на Црна Гора

6

 

Претседателот на Нова српска демократија и еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, најверојатно ќе биде кандидат на коалицијата за претседател на Црна Гора на изборите закажани за 19 март, пишува подгоричкиот портал „Дан“.

Претседателот на Демократската народна партија, Милан Кнежевиќ, гостувајќи на РТЦГ синоќа изјави дека ДФ веќе го избрала својот кандидат, не сакајќи да го соопшти името, а на порталот „Дан“ од овој сојуз му потврдиле дека најверојатно кандидатот ќе биде Андрија Мандиќ.

Претседателските избори во Црна Гора ќе се одржат на 19 март, а рокот за поднесување на кандидатурите е до 26 февруари на полноќ.