Дачиќ: Да се мешавме во изборите во Црна Гора, резултатот ќе беше многу поубедлив

7

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави денес дека резултатот на изборите во Црна Гора би бил „многу поубедлив“ доколку Србија се мешала, но таа тоа не го правела.

„Тие никако да сфатат дека проблемот не е Србија ниту Србите кои живеат во Црна Гора. Тоа се нивните граѓани“, кажа Дачиќ за Радио телевизија Србија, коментирајќи ги обвинувањата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Дачиќ кажа дека е целосно јасно дека е народна волја Демократската партија на социјалистите, која ја предводи Ѓукановиќ, да замине од власта, за што, како што наведе, е виновен самиот Ѓукановиќ, односно таа партија.

„Создаде таква атмосфера во општеството што тоа беше неизбежно. Не можеа сами Србите во Црна Гора да дојдат до овој резултат“, кажа тој.

Дачиќ истакна дека Србија „не ја интересира кој е на власт во Црна Гора, ниту ги интересира што Црна Гора сака во политичка смисла, ниту во надворешнополитичка смисла“.

„Нас нѐ интересира положбата на Србите, српскиот идентитет, националниот, културниот, верскиот, политичкиот“, кажа шефот на српската дипломатија.