Дачиќ: Повлекувањето на признавањето на Косово е државен проект кој не е спонзориран од приватни лица

23

Вицепремиерот на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави денеска дека со голема морална, политичка и кривична одговорност тврди оти никој од Србија досега не зел пари од приватни лица за кампањата за повлекување на признавањата на независноста на Косово.

Дачиќ ова го кажа денеска, гостувајќи во утринската програма, а во врска со изјава на Маринка Тепиќ од СзС, дека Србија ја финансира оваа кампања со пари од трговија со оружје.

„Ова е државен проект и сè е направено преку институциите“, објасни Дачиќ.

Српскиот министерот рече дека разбира оти некои го мразат претседателот Александар Вучиќ и него, но не разбира дека некој може толку многу да ја мрази Србија и дека изјавата на Тепиќ го компромитира процесот на кој работи земјата, а тоа е да се повлече признавањето на независноста на Косово.