Дачиќ: Треба да се преиспита дали тие што го поддржуваат Ѓукановиќ заслужуваат српско државјанство

6

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ оцени денес дека е морална обврска на секој кој е со потекло од Црна Гора да не молчи на „грабањето на српските храмови“ и додаде дека „Србите и Црногорците се браќа“, но дека „треба да се преиспита дали браќата така се однесуваат“.

Објаснувајќи на кого мислел кога кажал дека треба да се преиспита дали оние кои ја поддржуваат власта на Мило Ѓукановиќ заслужуваат државјанство на Србија, Дачиќ изјави дека „не мислел на обичните граѓани и оние кои се со генерации во Србија“, туку на оние кои имаат „бизнис империи, кланови или работат за црногорски служби“, и додаде дека понекогаш мисли дека „Србите во Србија се загрозена категорија“.

„Не можат агентурите во Србија да работат против Србија. Јас не зборувам за обичните луѓе кои дошле кој знае кога, и така мислат и повеќето граѓани“, кажа Дачиќ и истакна дека тој има „низа соработници од Црна Гора, но тоа се луѓе кои имаат чувстви за заедништво“.

Дачиќ оние кои го критикуваат поради изјавите за Црногорците во Србија ги праша зошто не го критикуваат Ѓукановиќ кој „ги загрозил правата на 30 отсто од населението“ и додаде дека „некои јавни личности потпишуваат сѐ што е против Србија“.

Шефот на српската дипломатија повтори дека „Србија се залага за мир и дијалог“.