Дачиќ: Ѓукановиќ е комунист, не го интересира ниедна црква

3

Претседателот на Собранието на Србија и претседател на СПС, Ивица Дачиќ, за српските медиуми изјави дека при устоличувањето на митрополитот црногоско-приморски Јоаникиј Српската православна црква постапила како што налага вековната традиција.

Тој додаде дека „црногорската влада секогаш кога треба да ја сочува власта, го плаши црногорскиот народ со Голема Србија“.

-Секој го покажа своето вистинско лице. Мислам дека Српската православна црква, односно Митрополијата, постапи како што се работи стотици години, рече Дачиќ.

Дачиќ инцидентот на Цетиње го оцени како срам за Црна Гора.

-Мило Ѓукановиќ е комунист и не го интересира ниту Српската ниту Црногорската православна црква. Никогаш во историјата не се случило српскиот и црногорскиот народ да војуваат и да се тепаат, рече Дачиќ.

Тој истакна дека Србија не ја интересираат внатрешните прашања на Црна Гора, туку каква е позицијата на српскиот народ и Српската православна црква во оваа земја.