Да се укинат ПЦР тестот и потврдата за прележаност или вакцинација при излез од државата, предлага КЗБ

12

На денешната прес-конференција д-р Злате Мехмедовиќ изјави дека Комисијата за заразни болести денес предложила две мерки до министерот за здравство кои треба да се проследат до Владата. Една од мерките е за укинувањето на задолжително поседување на ПЦР или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјава.

-Тоа не значи дека во земјите каде што ќе биде потребно да поседувате ПЦР тест или сертификат дека сте вакцинирани или прележани дека таму нема да ви се бара туку напротив, дека при излез од земјава на онаа мерка која што беше донесена минатата година дека треба да ги поседувате и да ги покажете на нашата граница, таквата мерка се укинува, рече Мехмедовиќ.