Двајца битолчани нападнале полицајци на кошаркарски натпревар

9

Двајцата битолчани, на 22 мај, на паркингот пред спортската сала „Боро Чурлевски“, физички нападнале тројца полицицајци кои вршеле обезбедување на спортски натпревар.

Основното јавно обвинителство од Битола денеска извести дека повело постапка против две лица, осомничени дека сториле кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

„Осомничените се затрчале кон навивачите на кошаркарскиот клуб МЗТ – Скопје кои влегувале во салата со полициска придружба и не ја послушале усната наредба од полициските службеници да застанат. Првоосомничениот со тупаници ги удирал оштетените полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди. Вториот осомничен, пак, ги влечел при што му ја искинал службената униформа на еден од полицајците. За првоосомничениот до судијата на претходна постапка надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор, со оглед на тоа што тој и претходно се јавувал како сторител на кривични дела, па би можел да го повтори делото или да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон​“ – велат од ОЈО.