Двајца починати и 130 нови случаи на ковид-19 од 1.742 тестови

9

Двајца починати и 130 новорегистрирани случаи на ковид-19 од 1.742 тестирања е билансот за последниве 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Починатите се од Скопје (70) и еден од Штип (75).

Новорегистрираните се во:
-Скопје 40
-Куманово 6
-Штип 13
-Прилеп 5
-Тетово 13
-Струга 4
-Битола 3
-Охрид 6
-Кавадарци 2
-Гостивар 18
-Струмица 1
-Пробиштип 2
-Берово 1
-Виница 5
-Делчево 4
-Кичево 7
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од:

-Скопје 87
-Куманово 18
-Штип 14
-Прилеп 2
-Тетово 6
-Битола 4
-Гостивар 9
-Македонски Брод 1
-Кичево 5
-Ресен 6

Досега во земјата се направени вкупно 128.938 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 12.970, од кои оздравени се 9.513, починати 549, а во моментов активни се 2.908.