Два концерта во чест на Јонче Христовски

19

Два концерта посветени на музичкиот великан Јонче Христовски ќе се одржат во Битола и во Скопје, во организација на Камерниот оркестар на Битола. Ќе настапат Виолета Томовска, Ристо Самарџиев, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски и Агну Авшар.

Во Битола концертот ќе се одржи на 4 април во Центарот за култура, а веќе следниот ден, 5 април, во Скопје во Националната опера и балет.

Јонче Христовски (Битола,1931 – Скопје, 15 април 2000) бил македонски  пејач, текстописец и композитор. Се прославил со својата песна „Македонско девојче“, а впечатливи му биле и изведбите на песните „Животе мој“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Запеј песна Македонко“. Како најзапаметени и највпечатливи негови песни се „Едно име имаме“, „Ако умрам ил загинам“, „Ој, Вардаре македонски“, „И ние сме деца на Македонија“’, „Мој роден крај“, „Куќа имам на Пелистер“ и многу други.

Влезниците за концертите веќе се пуштени во продажба.

Организаторите ќе соопштат повеќе информации за концертите денеска на прес-конференција во Скопје.