Два часа гласање без нерегуларности

8

Од 17 часот до 19 часто во државната изборна комисија не стасале нови пријави за изборни нерегуларности или било какво нарушување на процесот на гласање соопшти портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

„Сите пријави што беа до ДИК ги соопштивме на претходните прес-конференции. Од тој момент, нема пристигнати други пријави“, вели Шабани.

Понатаму, комисијата не знае со сигурност колку ќе биде продолжено гласањето во Липково кое беше прекинато. Според изборниот законик доколку е пркиенот е до 1 час, тогаш избирачкото место ќе затоври нормално во 21 часот. Крајната одлука ќе зависи од тоа колку долго траше прекинот, одгвори Шабани на новинарско прашање.

Според, првичната најава на Шабани по 23 часот се очекува комисијата да ги обработено значителен дел до податоците.