Две лица загинаа, осум се повредени во сообраќајка пред српската влада (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случи на аголот на улиците Немања и Кнез Милош во Белград, соопшти српското министерство за внатрешни работи.

7

Несреќата се случила околу шест часот кога се судриле комби и патничко возило БМВ.

Постојат сомнежи дека несреќата се случила кога возачот на автомобилот БМВ поминал на црвено светло на семафорот и се судрил со комбито, соопштуваат од МВР.

Полициски службеници и членови на Секторот за вонредни ситуации се на лице место. Во тек е истрага.