Движењето Беса прифаќа предизборна коалиција

9

Движењето Беса е отворено за трипартиска предизборна коалиција во согласност со повикот на Алијансата за Албанците, соопштуваат од Беса по синоќешниот состанок на Централното претседателство одржан во Тетово.

Покрај оваа на состанокот биле донесени уште две други одлуки поврзани со внатрешните организациски работи на Движењето Беса. Алијансата за Албанците упати повик за предизборна коалиција со сите партии на Албанците освен со ДУИ. Покрај Беса преговорите за таква коалиција се во тек и со партијата Алтернатива.