Движењето Самоопределување ќе се шири и во Македонија

5

Движењето Самоопределување своите активности ќе ги прошири и во Македонија. На пролет ќе бидат првите движења на Албин Курти во нашата земја, додека во Албанија, Самоопределување има формирано свои структури.

„Ова е целта на проширувањето на Движењето за да ја понуди својата визија на политичко делување. После Албанија, нормално е дека има барање и цели за проширување и во Северна Македонија“, соопштиле за новинската агенција ИНА, извори од Самоопределување.

Според пишувањата, Самоопределување веќе има неколку личности со кои има соработка и се бара само личноста која ќе биде водач.

Делувањето на Самоопределување во Македонија се очекува да се формализира после предевремените парламентарни избори.

Од оваа движење се лути за длабоката поделба кај албанските партии, со што се загрозува тежината на албанскиот глас на изборите на 12 април.