Девојче држено во ќелија само со сад со вода

10

Две лица биле уапсени откако девојче наводно било пронајдено во темна соба, според сведоци, која изгледала како ќелија и во неа немало ништо, освен сад со вода. Како што пренесува “Метро”, немилиот настан се случил во куќа во Салфорд.

Детето е однесено во болница за да биде проверено од доктори пред да им биде предадено на локалните социјални служби.

“Триесет и двегодише маж и две години помлада жена беа приведени поради сомнение дека го занемариле детето. Пуштени се на слобода, а истрагата продолжува. Детето не е повредено”, се вели во извештајот.