„Дедо и внук“ од 12 декември во киното „Милениум“

20

Филмот за кој се зборува, филмот што отвори многу болни теми во општеството, филмот за цената на детскиот живот, од 12 декември во Скопје.

Најновото дело и првиот долгометражен филм „Дедо и внук“ на македонскиот режисер Илија Пиперкоски ќе се прикажува во киното „Милениум“ со почеток од 20 часот.

Дали сенките на минатото секогаш и без исклучок не стигнуваат и го задаваат немилосрдниот удар? Вреди ли да се живее без љубов и без болка?

Охридскиот режисер Илија Пиперкоски во филмот дава многу одговори на овие прашања, но и отвора многу нови дилеми. Пиперкоски истовремено е и сценарист на филмот. Продуцент е Огнен Антов, монтажата е на Данчо Стефков, а директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску.

Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и малиот охриѓанец Наум Цветкоски.