Делта плус сој – ПОЗАРАЗЕН, НО СО ПОМАЛКУ СИМПТОМИ

15

Подтипот на делта варијантата на коорна вирусот AY.4.2, познат и како делта плус, кој се шири во Британија, ќе биде потешко да предизвика симптоматска ковид инфекција со ковид, покажа студијата на лондонскиот Империјален колеџ, истакнувајќи дека бројот на случаи е намален во споредба со октомври.

Студијата на Империјалниот колеџ, објавена денеска, покажа дека присуството на делта плус е за 12 отсто поголемо, но само една третина од заразените имале „класични“ симптоми на ковид, додека половина од анкетираните го имале оригиналниот вид делта, објави Ројтерс.

Се верува дека AY.4.2 е малку позаразен, но досега не дал посериозни последици, ниту пак избегнувал заштита од вакцините полесно од оригиналниот делта сој.

„Се чини дека е позаразен, но дека дава помалку симптоми, што е добро“, рече епидемиологот од Империјалниот колеџ, Пол Елиот.

Оваа студија покажа дека бустер дозите го намалуваат ризикот од инфекција со делта сој за 66 проценти, во споредба со луѓето кои примиле две дози.