Демократите ги објавија обвиненијата против Трамп: Ќе се случи ли негово отповикување?

24

Комитетот за правда на Претставничкиот дом во САД, со мнозинство демократи, ги објави обвиненијата против претседателот Доналд Трамп. Ова е клучен потег што води кон гласањето на недоверба (импичмент) против него.

Првата статија објавена од шефот на Комитетот, Јери Надлер, тој го обвинува Трамп за злоупотреба на моќ. додека во втора статија вели дека американскиот лидер ја попречувал работата на Конгресот.

Се вели дека Претседателот од политичка причина ја држел во заложност помошта кон Украина.

Ако Комитетот за правда на Претставничкиот дом гласа за да се одобрат обвиненијата, тогаш тие ќе се предадат на Долниот дом за целосно гласање.

Од друга страна ако обвиненијата се одобрат од Преставничкиот дом, која е контролирана од демократите, ќе се одвива судење во рамки на гласање за недоверба на Трамп во Сенатот. Тоа можеби може да се случи на почетокот на јануари.