Демoнстрантите во Бугарија најавија дека остануваат на улиците се’ додека Борисов не даде оставка

7

Повеќе илјади демонстранти кои бараат оставка од бугарскиот премиер Бојко Борисов и синоќа ги блокираa главните сообраќајници во Софија и најавија дека ќе останат на уlиците до исполнувањето на нивните барања.

Германската новинска агенција ДПА наведува дека протестите почнале на 9 јули и собираат многу фракции од бугарската политичка сцена, кои се обединети во барањетo оставка на Борисв и распишување нови избори.

Организаторите од луѓето што доаѓаат од сите краишта на Бугарија побараа да си понесат шатори, ќебиња, вода, храна и слично, за да можат непрекинато да останат на протестите што ќе траат долго.

На Борисов, кого го обвинуваат за корупција во својата администрација, ова од 2009 година му е трети мандат со кратка пауза. Тој ги отфрла барањата за оставка. Редовните избори во Бугарија треба да се одржат во март 2021.