Денеска во Париз средба меѓу Макрон и Столтенберг

4

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Париз ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон, откако тој се пожали дека најголемата воена алијанса во светот имала „мозочен удар“.

Неговата оценка веднаш беше отфрлена од германската канцеларка Ангела Меркел која пак вчера во Бундестагот изјави дека НАТО е од суштинско значење за безбедноста на Европа. Столтенберг деновиве повтори дека најдобриот начин за решавање на разликите е „да се седне и да се разговара за нив“. Средбата на Столтенберг со Макрон, доаѓа неколку дена пред американскиот претседател Доналд Трамп и неговите колеги од НАТО да се сретнат во Лондон на еднодневен самит по повод 70-годишнината Алијансата.