Денеска најавено ново невреме

9

Во текот на изминатата ноќ најмногу дожд наврна во Крива Паланка, и тоа 12 л/м2 воден талог. Сето ова е поради продорот на влажна и нестабилна воздушна маса која од Косово навлезе во Македонија, соопштува метеорологот Славчи Попоски.

Денес од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат интензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, засилен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималната дневна температура ќе се движи во интервалот од 25 до 32 степени.

Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Што се однесува до атмосферата, истата целосно ќе се стабилизира па така од утре па натаму следуваат неколку денови со стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на пораст, и за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.