Денеска нема одлука за наставата од септември, состанокот продолжува утре

16

Состанокот на Комисијата за заразни болести заедно со претставници на Министерството за образование и наука на кој се очекува да бидат финализирани протоколите за реализација на наставата од 1 септември, ќе продолжи утре изјави за МИА епидемиологот Александар Стојанов, член на Комисијата и директор на Центарот за јавно здравје Скопје.

„Се уште сме во преговори. Крајното решение ќе го даде Министерството за образование и наука“,рече д-р Стојанов.

Во пресрет на одлуката за тоа како ќе се одвива наставата од 1 септември, во ѕслови на голем број шпекулации, СОНК повика на рационална одлука која ќе значи безбедност на здравјето и на децата и на вработените.

Првиот човек на СОНК Јаким Неделков за „360 степени“ денеска изјави дека одлуката за видот на настава од септември ттреба да биде гаранција, а не експеримент.

„Голем е ризикот. Имаме две ситуации кои можеби се неспоредливи. Од една страна е безбедноста и здравјето со онлајн настава кое е добитна комбинација, а од друга страна, квалитетот на образовниот процес е со физичкото присуство. Сега да видиме кое е помалото зло во овој момент. На сите родители и наставници не можеме да погодиме, секогаш има аргументи за и против, но, ајде да го одбереме помалото зло“,вели Неделков за „360 степени“.

Во петокот министерот за образование и наука Арбер Адеми рече има доволно време до 1 септември навреме да се организира почетокот на 2020/2021 година и сите училишта да се подготват за спроведување на протоколите за трите видови настава во зависност од епидемилошката состојба – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.