Денеска пресуда за екс министерот Миле Јанакиески за случајот „Насилство во Центар“

9

По четири години судски процес напладне во Kривичниот суд во Скопје ќе биде изречена пресудата во случајот „Насилство во Центар“ каде е обвинет поранешениот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Тој на вчерашното рочиште каде се даваа завршни зборови ги отфрли обвинувањата против него и побара ослободителна пресудата. Јанакиески тврди дека обвинителството не докажало дека ги извршил кривичните дела за кои се товари.

-Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал, рече Јанакиески во судот.

Тој смета дека обвинението отсликува толкуван разговор од објавените „бомби“ и дека истото е креирано според исказот на осудениот сведок Томислав Лазаров. Јанакиески на рочиштето го праша судот дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски, по што додаде дека е свесен какво влијание имале аудиоснимките кај јавноста, која го осудила уште при нивното објавување.