Денеска протестен марш за поддршка на жртвите од „Јавна соба“

19

Во организација на „Платформа за родова еднаквост“, денеска ќе се одржи протестен марш за „поддршка на сите жртви на групата „Јавна соба“.

„Ве повикуваме на протестен марш за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба, од Министерство за внатрешни работи до Јавно обвинителство – институциите кои треба да нè заштитат од насилство, но очигледно не го прават тоа“, стои во најавата на протестот, објавена на социјалните мрежи.

Организаторите и поддржувачите бараат од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени. Организаторите на протестниот марш во соопштението за настанот наведуваат и дека инсистираат сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик, како и соодветна грижа за жртвите од надлежните институции.

На протестот, за кој велат дека ќе биде организиран со сите протоколи за заштита од ковид-19, ќе има обраќања пред МВР и пред ОЈО.