Денеска Регулаторна ќе објави нов ценовник за горивата

14

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе биде во сила сѐ до следниот понеделник.

Минатата недела со одлука на Регулаторна, цената на бензинот СУПЕР 95 се намали за 1.50 денари, СУПЕР 98 за 1,00 ден. а дизелот поевтини за два денара по литар.