Денеска стартуваат преговорите помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за законот кој го бара Брисел

7

За денеска е закажана првата средба за обнова на разговорите меѓу власта и опозицијата за новиот закон за обвинителство, а разговорите ќе ги водат Бојан Маричиќ, советник на претседателот на СДСМ Зоран Заев и Тимчо Муцунски, советник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Двајцата советници ќе ја договараат динамиката на преговорите.

Според одредени медиуми, во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се уште траат експертските анализи на најновата верзија на Законот за ЈО, што Министерството за правда им ја испрати на крајот од минатата година.. Од СДСМ пак очекуваат в среда да им бидат испратени конкретни позиции и амандмани побарани од најголемата опозициска партија.

Она што е познато од драфт верзијата за предлогот-закон е тоа дека сите надлежности на СЈО одат во рацете на Вилма Русковска и Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Разговорите претходно беа во застој со месеци, а последната верзија на законот за обвинителство е трета по ред во период кој опфаќа повеќе од една година. Новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархељи и францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, испратија пораки дека добро е законот да биде донесен пред следниот состанок на Европскиот совет.

Заев вчера истакна дека се откаѓал од намерата за директна средба со Мицкоски и дека работи на тоа да обезбеди двотретинско мнозинство, односно поддршка од најмалку 80 пратеници за изгласување на законот. Сепак, останува констатацијата дека за тоа треба да ја ибеди и независната пратеничка група која беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, Мицкоски ја одби поканата за лидерска средба со Заев, а неговата партија нагласи дека е за донесување на законот, но не за таков кој ќе и донесе политички пеони на власта.