Денеска треба да продолжи главната расправата за случајот „Меѓународен сојуз“

9

Денеска треба да продолжи главната расправата за случајот „Меѓународен сојуз“ во Основниот кривичен суд Скопје.

Минатото рочиште беше одложено поради здравствени пречки на дел од одбраната.

За случајот со невладината организација „Меѓународниот сојуз“ обвинет за измама и перење пари е нејзиниот основач, Бојан Јовановски – Боки 13.

Обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13, како и Јасна Мандиќ.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението на 3 јануари годинава, а судот го одобри на 12 мај.