Денес во 16 часот ќе се знае дали АстраЗенека предизвикува тромбоза

25

После реакциите на неколку држави меѓу кои и Германија за вакцините АстраЗенека против коронавирусот, беше спроведена анализа од Европската агенција за лекови, дали има поврзаност на вакцината со појава на тромбоза.

Европската агенција за лекови, ЕМА, ќе одржи прес – конференција денеска во 16 часот во Амстердам за случаите со згрутчување на крвта.

Објаснувањата на ЕМА се очекуваат откако вчера главниот одговорен за стратегијата на вакцинација во оваа Агенција, Марко Кавалери, изјави дека постои поврзаност помеѓу вакцините на Астра Зенека и случаите на згрутчување на крвта.