Денес ти си победникот, неволно му рекла Меркел на Путин

6

Германската канцеларка Ангела Меркел без многу радост му рече на рускиот лидер Владимир Путин „Денес ти си победникот“ на самитот на „Нормандиската четворка“ во Париз, кој заврши вчера, пишува руски Комерсант.

„Денес ти победи…“, ги цитира Комерсант зборовите што Меркел му ги кажала на Путин додека оделе кон местото на претстојната прес-конференција.

Според рускиот медиум, овој заклучок бил искажан „без некоја посебна радост“.

Во целина, канцеларката била задоволна од резултатите од состанокот. Како што изјави за Зидојче цајтунг, работите „се помрднале од ќор-сокакот“.

На 9 декември беше одржан првиот самит на „нормандиската четворка“: Владимир Путин, Ангела Меркел, Емануел Макрон и Володимир Зеленски. Потоа, се одржа и средба меѓу претседателите на Русија и Украина, на која беше главната точка на дневниот ред беше помирувањето меѓу украинската влада и силите на самопрогласените Доњецка и Луганска Република, кои граничат со Русија.