Дерковски: По прецизирање на датумот се потребни 45-50 дена за изведување на изборите

Во ДИК сите сме сложни дека треба да се почитува Изборниот законик. Од тие причини внимавам да ги следам законските прописи и да не излезам од таа рамка и само на тој начин сите ќе се доведеме до еден успешен изборен процес, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.

33

 

-Избори мора да има. Ако не сега, ќе мора да има до крајот на мандатот на претходниот пратенички состав. Значи оваа година секако ќе мора да има. Сега настапи ситуација која што до сега не била и ние како ДИК се прилагодуваме на препораките на Здравствените комисии, вели Дерковски и додадава дека сите земји кои имале закажано избори се прилагодуваат на можните спроведувања на изборите.

-Некои експериментираа со гласање по пошта, со електронско гласање, но во мнозинството држави изборите се одложуваат.

Околу можноста за дигитално гласање (во блиска иднина) и тие да бидат фер без нарушување на битните стандарди, Деркоски вели дека во светот се имаат направено обиди за вакви гласања.

-Успешен пример е Естонија, но во еден поголем број на држави се враќа стариот начин на гласања бидејќи не може да се обезбеди адекватна заштита и гаранција за волјата на гласачите. Ние како Комисија го начнавме ова прашање, прво како употребатра на fingerprint, а потоа за електорноското гласање. Но, во разговорите со стручњаците заклучивме дека се уште не може да се обезбеди заштита на правото на глас.