Дескоска: Законот за амнестија за 27 април беше во насока за уставните амандмани

12

Министерката за правда Рената Дескоска во вечерашното интервју на Канал 5 се согласи дека Законот за амнестија за 27 април се носел во насока за гласање на уставните измени за името.

-Случајот со уставните измени е случај каде, видовме, се правеше амнестија на дел од лицата кои учествувале во 27 април, но не во насилство. Тоа е посебен, специфичен случај, закон кој се правеше во насока на уставните измени и јас како човек, како министер и како професор сметам дека Законот за амнестија стави тежок товар врз секторот правда. Тој закон и чекорите кои се преземаа беа чекори кои се преземаа во насока за уставните амандмани. А, ние како Министерството за правда не учествувавме на никаков начин, рече Дескоска.